Втора Лига: Фаворитите стигнаа до првите победи

Изминатиов викенд освен четирите дуели во Првата лига, можевме да проследиме и десет дуели во Втората лига во која седум екипи го одбранија домашниот терен.

Во групата „Запад“ најубедливата победа ја забележа Тетекс ТТК кој го совлада тимот на Спорт Тим со 88-69, двоцифрена победа забележа и Хераклеа која ја совлада Спарта со 86-76, додека победи забележаа и Риниа која беше подобра од Охрид (77-69), Мега Баскет го доби тимот на Пелистер Медика карта со 69-61, додека изненадувањето на колото го приреди тимот на Чаир 2030 кој славеше на гостувањето против Партизан Водно Санс со 65-69.

Во групата „Исток“ составот на Ангели го прегази Баскет КАМ со 96-66, додека убедлива победа забележа и Куманово 2, кој го совлада Ролинг со 96-68. Над 90 поени постигна и Борец Баскет кој славеше над МКК Куманово со 95-76. Гостински победи остварија и Феникс 2010 и Шкупи, кои славеа против Стумица со 70-76, односно Пробаскет со 47-69.

Второлигашите немаат многу време за одмор бидејќи веќе во среда ги очекуваат нови дуели.

Се вчитува...