ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница е осамен лидер по победата во Радовиш, а ремито на Тиквеш

Брегалница е осамен лидер во Втората лига – Исток откако триумфираше со 1-3 во 11. коло на гостувањето против Плачковица, притоа искористувајќи го и ремито (1-1) на Тиквеш на гостувањето против Кожуф во Гевгелија.

Брегалница експресно дојде до водство од 2-0 со головите на Мартин Стојанов од пенал во 12. минута и на капитенот Ристе Наумов во 17. минута.

Плачковица стигна до прекрасен гол, со шут од околу 20 метри, на Јанкуловски во 63. минута за 1-2, а конечните 1-3 следеа во 80. минута повторно со гол од пенал на Мартин Стојанов.

Кавадарчани, пак, ремизираа во Гевгелија благодарение на голот на Ѓорѓи Мојсов во 31. минута, откако претходно Ангел Кочев ги доведе домашните до предност во 23. минута.

Сега на табелата, Брегалница е прва со 29 бода, два повеќе од второпласираниот Тиквеш кој е со 27 бода.

Осогово дојде до победа против Кит Го со автоголот на Кристијан Антонов во 61. минута од средбата.

Каменица Саса победи против Слога Виница со 2-0 со головите на Сашко Дуков во 55. и во 62. минута, додека Победа славеше на гостински терен со 1-2 против Росоман со головите на Давид Јошески и Дарко Анѓелески од пенал.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (11. коло)
Осогово – Кит Го 1-0
Кожуф – Тиквеш 1-1
Плачковица – Брегалница 1-3
Каменица Саса – Слога Виница 2-0
Росоман – Победа 1-2

Се вчитува...