ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница и Тиквеш не победија, па повторно на иста бодовна разлика

Брегалница и Тиквеш не успеаја да дојдат до победи на домашен терен во 19. коло од Втората лига – Исток, ремизирајќи со Каменица Саса односно Слога Виница, по што останаа на истата бодовна разлика на врвот од табелата.

Брегалница одигра 1-1 со Каменица Саса. Штипјани имаа предност со голот на Ацковски од 21. минута, но гостите израмнија со голот на Иванов во 86. минута. Тиквеш, пак, одигра без голови против Слога Виница.

Најубедливата победа ја запиша Осогово кој со 4-1 славеше против Росоман. Стрелци на головите за кочанци беа уште во првото полувреме беа Велинов, Неданоски и во два наврати Спасов. Гостите го ублажија поразот во вториот дел со погодокот на Андреевски во 90. минута.

Кожуф со 2-1 ја победи Плачковица со головите на Јаневски од пенал во 55. минута и Јанев во 90. минута.

Кит Го ремизираше (2-2) на домашен терен со Победа. Прилепчани имаа водство од 0-2 со головите на Грозданоски во 45. минута и Најдов во 51. минута но пехчевци дојдоа до бод со головите на Андонов во 62. минута и Бошко Ступиќ во третата минута од судиското продолжение.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (19. коло)
Брегалница – Каменица Саса 1-1
Кит Го – Победа 2-2
Тиквеш – Слога Виница 0-0
Кожуф – Плачковица 2-1
Осогово – Росоман 4-1

Се вчитува...