ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница и Тиквеш со победи ја почнаа пролетта, триумф и на Кит Го во Виница

Брегалница и Тиквеш со победи ја стартуваа пролетната сезона во Втората лига – Исток, продолжувајќи ја битката за врвот од табелата и прволигашка промоција.

Брегалница во Штип со пресврт дојде до победата, откако Победа во првиот дел дојде до водство со голот на Грозданоски во 23. минута. Во второто полувреме најпрво Мартин Стојанов, на асистенција на Маневски, во 54. минута израмни, а потоа во 75. минута Дарко Додев стрелаше за 2-1 на асистенција на капитенот Ристе Наумов.

Тиквеш до триумф од 3-0 против Росоман дојде со головите на Благоја Љамчевски во 15. минута и Едиз Спахиу во 81. и во 84. минута.

Фудбалерите на Кит Го запишаа триумф од 0-2 на гостувањето против Слога Виница. Стрелци на головите за пехчевци беа Оливер Христов во 30. минута и Зоран Андонов во 54. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (17. КОЛО)

Слога Виница – Кит Го 0-2

Брегалница – Победа 2-1

Тиквеш – Росоман 3-0

Осогово – Каменица Саса 1-1

Кожуф – Плачковица 0-0

Се вчитува...