ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница и Тиквеш со убедливи победи – Хет-трик на Христов и на Кудијан

Брегалница и Тиквеш ја продолжуваат трката за врвот во Втората лига – Исток со нови убедливи победи, и во 9. коло од шампионатот.

Брегалница триумфираше со 6-1 на домашен терен против Росоман. Хет-трик запиша Андреј Кудијан, два гола постигна младиот Љупче Кудев, а еден и Мартин Стојанов, додека Андонов беше стрелец за гостите.

Тиквеш, пак, победи со 3-0 против Каменица Саса со хет-трикот на Симеон Христов. Два погодоци постигна во првото полувреме и еден во вториот дел.

Кожуф славеше со 2-1 против Кит Го во Гевгелија на натпреварот кој почна со гол на гостите уште во 2. минута. Но, потоа Кочев во 20. минута и Зумровски во 36. минута стрелаа за победа на Кожуф.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (9. коло)
Кожуф – Кит Го 2-1
Брегалница – Росоман 6-1
Тиквеш – Каменица Саса 3-0
Осогово – Плачковица 1-1
Слога Виница – Победа 2-0

Се вчитува...