ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница убедлива со Каменица Саса

Фудбалерите на Брегалница во првиот натпревар без досегашниот шеф на стручниот штаб Добринко Илиевски одиграа повеќе од квалитетен меч, славејќи со убедливи 3-0 во 10. коло од Втората лига – Исток.

Резултатот го отвори Дарко Додев уште во 17. минута од средбата, а веќе по пет минути во листата на стрелците се запиша и Ристе Наумов за 2-0.

Во второто полувреме, погоди и Наумче Бакрачески во 68. минута за конечни 3-0. Триумф по кој штипјани сега се осамени лидери на табелата во второлигашката конкуренција на Истокот, во очекување на утрешниот натпревар на Тиквеш. Брегалница сега има 26 бода, три повеќе од кавадарчани.

Се вчитува...