ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш ја демолираше Плачковица, триумф на Кит Го со Победа

Тиквеш ја продолжува активната битка за прволигашката промоција со Брегалница, откако стигна до убедлива победа и во 10. коло од Втората лига – Исток.

Кавадарчани славеа со 5-1 против Плачковица. Гостите имаа сили да се спротистават во првото полувреме кое заврши без предност за ниту една од екипите (1-1), но во вториот дел Тиквеш со головите на Мојсов, Наумоски, Трајковски и Мишов дојде до 5-1. Во првиот дел за домашните погоди Дарко Гроздановски а израмни Мартин Петровски.

Кит Го дојде до триумф од 1-0 против прилепска Победа благодарение на голот на Бошко Ступиќ во 74. минута од средбата.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (10. коло)
Кит Го – Победа 1-0
Тиквеш – Плачковица 5-1
Осогово – Кожуф 0-0
Слога Виница – Росоман 1-1
Брегалница – Каменица Саса 3-0

Се вчитува...