ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар падна во Кадино, Велешта загуби во Форино

Кадино го сопре лидерот во Втората лига Запад, тимот на Гостивар, славејќи со 3-0 на домашен терен во 9. коло од првенството. Ринор Ајдини, Кристијан Ивановски и Дамјан Масевски беа стрелци на головите за Кадино на овој меч.

Скопје славеше со 1-0 против Кораб, а со идентичен резултат и Охрид Лихнидос го совлада Тетекс. Погоди Ајрадин Цуцули од пенал во 62.минута.

Велазерими ја совлада Дрита со 3-2, а и Вардар Форино со 3-2 славеше над Велешта. Аријан Ејупи беше двоен стрелец за домашниот тим.

 

Се вчитува...