ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Лабуништа го губи „здивот“ за врвот – Пораз од Гостивар

По елиминацијата во четвртфиналето од Купот на Македонија, фудбалерите на Лабуништа загубија и во 16. коло до Втората лига – Запад на гостувањето против Гостивар.

Гостиварци победија со 2-1, со голови уште во првото полувреме. Енис Дервиши во 15. минута донесе водство од 1-0 за Гостивар, а израмни Дејан Лескароски во 17. минута. Но триумфот за домашните го донесе Бурак Менга со гол во 32. минута од натпреварот.

Се вчитува...