ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје го демолираше Вардар Форино, конечно победи и Гостивар

Скопје го демолираше Вардар Форино, победувајќи со 6-0 во 11. коло од Втората лига – Запад. Владимир Жоглев постигна хет-трик од кои два гола во првото полувреме, Јанакиевски еден од пенал, како и Мустафа Јусуф и Љамалари.

И Гостивар конечно дојде до триумф по двата претходни пораз, славејќи со 1-0 против Тетекс со голот на Генц Гаши во 26. минута од натпреварот.

Велазерими триумфираше со 2-0 против Кораби со головите на Мирлинд Ибраими во 23. минута и Албулен Имери во 93. минута.

Охрид ремизираше без голови на гостувањето против Велешта.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (11. коло)
Велазерими – Кораби 2-0
Скопје – Вардар Форино 6-0
Дрита – Кадино 1-1
Велешта – Охрид 0-0
Гостивар – Тетекс 1-0

Се вчитува...