ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје и Охрид ремизираа, Кадино го изненади Гостивар

Скопје ремизираше без голови на гостувањето против Кораби во 18. коло од Втората лига – Запад, задржувајќи, сепак, значителна предност во однос на конкурентите на лидерската позиција.

Реми без голови запиша и Охрид на гостувањето против Тетекс.

Кадино, пак, го изненади Гостивар триумфирајќи со 0-3 на гостински терен, победа најавена уште во првото полувреме со погодоците на Ивановски и Христовски.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (18. коло)

Кораби – Скопје 0-0

Дрита – Велазерими 3-0

Тетекс – Охрид 0-0

Гостивар – Кадино 0-3

Се вчитува...