ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Скопје триумфално, Охрид лесно се справи со Кораби

Скопје си ја продолжува победничката низа и во пролетната сезона, триумфирајќи во 17. коло од Втората лига – Запад со 2-1 против екипата на Дрита.

Филип Јаневски е херојот во победата на Скопје со два постигнати погодоци, по еден во двете полувремиња.

Охрид дојде до победа од 2-0 против Кораби со головите на Цуцули од пенал во 24. минута, и Шериф Реџепи во 67. минута.

Велазерими и Велешта одиграа натпревар без голови во Кичево.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (17. КОЛО)

Охрид – Кораби 2-0

Скопје – Дрита 2-1

Велазерими – Велешта 0-0

Кадино – Тетекс 0-0

Се вчитува...