ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Тетекс триумфално против Кадино за одлепување од дното на табелата

Екипата на Тетекс запиша повеќе од значајна победа во Втората лига – Запад славејќи во 8. коло на домашен терен против Кадино со 1-0.

„Штофарите“ до триумфот дојдоа со голот на Лазар Пеев од пенал во 64. минута на тој начин одлепувајќи се од дното на табелата.

За Тетекс ова е втора победа во новата сезона во која се врати во Втората лига откупувајќи ја лиценцата од Лабуништа која се откажа од натамошното натпреварување во второлигашката конкуренција.

Се вчитува...