ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Велешта во 90. минута се спаси од пораз во Скопје, Гостивар триумфално во Кичево

Гостивар го запоседна врвот во Втората лига – Запад по гостинската победа во 7. коло против Велазерими во Кичево. Велешта, пак, продолжува со позитивниот ритам ремизирајќи на гостувањето во Автокоманда.

Велешта успеа да се извлече од пораз на гостувањето против Скопје во 90. минута со голот на Самед Кадриоски во 90. минута. Претходно Дино Најдоски во 11. минута донесе предност до 1-0 за домашните.

Гостивар со голот на Ардит Зеќири во 66. минута триумфираше на гостувањето против Велазерими во Кичево со 0-1.

Со погодокот на Шпенд Асани во 45. минута, Вардар Форино поведе со 1-0 против Лабуништа, а потоа гостите беа демолирани. Алиу постигна хет – трик, а и Мухамед Бекири се запиуша меѓу стрелците. Кадино го победи Охрид со 1-0 со голот на Кристијан Ивановски во првото полувреме.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (7. коло)
Скопје – Велешта 1-1
Кадино – Охрид 1-0
Дрита – Кораби 1-1
Велазерими – Гостивар 0-1
Вардар Форино – Лабуништа 1-0

Се вчитува...