Втора рунда: МЗТ мора многу подобро за „брејк“ во Словенија

Нема многу време за разочараност во таборот на МЗТ Скопје по вечерашното катастрофално издание и поразот од 93-71 на првиот финален натпревар против Приморска. Истите два тима вечерва (20 часот) повторно ќе ги одмерат силите во вториот меч од финалната серија, нова можност за „металците“ да дојдат до брејк пред серијата да се пресели во Скопје.

Тоа нема да биде нималку лесно, противникот со доминацијата на вчерашниот дуел покажа дека е максимално мотивиран за влез во АБА-елитата, а „металците“ се свесни дека ќе мора да одиграат многу подобро ако сакаат да имаат шанса за изненадување на вечерашниот дуел.

„Честитки до тимот на Приморска за комплетно заслужената победа. Противникот беше подобар во сите сегмети на играта. Имаше одличен процент на реализација, играше добра кошарка и имаше агресивна одбрана. Ќе се обидеме да се подготвиме за утрешниот втор меч и да победиме“, изјави Кочов по првиот натпревар.

Клучно ќе биде да се одигра подобро во одбраната, каде тотално се потфрли со примените 56 поени во првото полувреме на вчерашниот дуел. Доколку не се успее во тоа, вториот пораз во оваа финална серијаќе биде неизбежен.

Се вчитува...