Вториот најголем пресврт во историјата на колеџ кошарката го режираше девојка која настапува во фрлање ѓуле (ВИДЕО)

Женскиот кошаркарски дел од Универзитетот во Ајова го совлада Мериленд со 93-86 благодарение на Ауди Крукс, која мечот го заврши со 40 поени.

Таа е двократна американска шампионка во средно училиште во фрлање ѓуле. Нејзината конституција, како и талентот за кошарка и помогнаа да ги надмине противниците и во овој спорт, што играчите на Мериленд најдобро го почувствуваа на своја кожа.

Благодарение на 19-годишната Крукс, Ајова успеа да го изведе вториот најголем пресврт во историјата на женската НЦАА кошарка. Имено, тимот на Мериленд водеше со 20 поени разлика во првото полувреме но сепак успеа да го загуби натпреварот.

Ајова на тој начин влезе во второто коло на турнирот.

 

Се вчитува...