Второлигашот Еуромилк е победник на турнирот „Вуко Каров“

Второлигашот Еуромилк е освојувач на годинашното издание на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци. Фудбалерите на Еуромилк излегоа како победници на турнирот кој се играше по италијански систем.

Турнирот беше отворен со мечот Тиквеш – Тетекс кој заврши 3-1, потоа Еуромилк и Тетекс одиграа без голови, а Еуромилк го совлада Тиквеш со 1-0, со голот на Адријан Чаволи.

За најдобар голман на турнирот е прогласен Мирза Дураковиќ од Еуромилк, додека најдобар играч на турнирот е Ѓорѓи Мојсов од Тиквеш.

Се вчитува...