Вујо избра 16 адути: Кавтичник и Хенигман ќе играат со Македонија

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, вечерва го објави и својот конечен список од 16 ракометари на чии услуги ќе смета за премиерниот дуел од ЕП 2018, в сабота против репрезентацијата на Македонија.

Како што е добро познато, Вујовиќ се соочи со проблеми поради повреди на дел од стандардните ракометари, но очигледно е присуството на завршниот список на Ник Хенигман и Вид Кавтичник, кои очигледно се имаат рехабилитирано од своите повреди и ќе бидат во комбинација за пресметката со нашиот национален тим.

Од 20-те ракометари кои ги минаа подготовките словенечкиот селектор реши во Загреб како резерви да ги носи голманот Кастелич, како и бековите Цехте, Поточник и Лебан.

Како што е веќе познато, Македонија отпатува за Хрватска со 19 ракометари, а Раул Гонзалес утре вечер, пред техничкиот состанок, ќе обелодени кои 16 играчи ќе излезат на мегдан против Словенија.

Се вчитува...