Вујошевиќ мора на трансплантација на бубрег, Босанците бараат селектор

Душко Вујошевиќ не може да крене глава од здравствени проблеми, па екс-тренерот на Партизан обелодени дека ќе мора извесно време да се посвети на оваа битка откако му било дијагностицирано дека мора што поскоро да му биде извршена трансплантација на бубрег.

Тој ја извршува функцијата селектор на БиХ, но веќе им порача на челниците на федерацијата што поскоро да пронајдат замена за него бидејќи не се знае колку долго нема да биде во можност да го предводи босанскиот состав.

„Сакам да ја известам јавноста дека вчера добив информација дека процесот на трансплантација на еден бубрег во мојот организам ќе почне во една специјалистичка клиника во Истанбул на 30 јули. Овој хируршки зафат го чекам долго, сакам да се знае дека операцијата е неодложна, но за жал се поклопува со завршната фаза од квалификациите за СП. Затоа, сакам раководството на федерацијата да го преземе раководсњето со репрезентацијата на БиХ за време на болничкото отсуство, но и периодот на рехабилитација за кој никој не може со сигурност да каже колку ќе трае“ – порача Душко Вујошевиќ.

Се вчитува...