Вујошевиќ: Нема да се занимавам со кошарка додека не си ги решам здравствените проблеми

Селекторот на Босна и Херцеговина, Душко Вујошевиќ, објави дека на неодредено време ја прекинува тренерската кариера, во обид да ги реши здравствените проблеми кои од ден на ден стануваат се посериозни. Тој од претходно најави дека во септември нема да ја води селекцијата на БиХ во квалификациите за СП 2019, но според последните информации паузата ќе трае подолго.

„Мораше најпрвин да ми биде вграден прв стент, поради срцеви проблеми, по што следи рехабилитација од три месеци, па потоа може да ми биде вграден и втор стент. Дури потоа ќе бидам подготвен за трансплантација на бубрег. Размислувв и решив да се повлечам целосно додека не биде финиширан комплетниот медицински процес. Ќе беше некоректно да продолжам да земам плата во тој период“ – објави Вујошевиќ.

Предлог на трофејниот стратег до челниците на федерацијата е за нов селектор да биде именуван Јасмин Репеша со кого преговорите се веќе стартувани.

Се вчитува...