Вујовиќ: Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам…

Вардар два месеца е без победа во Лигата на Шампионите, а петтиот пораз во низа на „црвено-црните“ им го нанесе Пик Сегед кој славеше на гостувањето во Скопје во 27-30. Причината за победата беше „сонот“ на Вардар во првото полувреме во кое македонскиот тим имаше 15. минутен пост, а гостите истиот го искористија за водство од 1-8.

По натпреварот црногорскиот стратег не го криеше разочарувањето од поразот и изјави дека е тука за да му помогне на двократниот европски шампион во тешките моменти. А, ако некој мисли дека некој друг тренер може да донесе повеќе од него, тој ќе замине.

„Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам. Дојдов да го спасам Вардар, да му помогнам во моментите кога ќе згаснеше. Јас сум човек победник, не ми е лесно кога гледам 8-1, најлесно е во тие моменти да исчезнеш. Ќе останам тука додека ми веруваат. Треба да бидеме реални, првите резултати не залажаа дека имаме екипа за високи дострели. Нашата реалност е петто или песто место“, изјави популарниот Вујо.

Се вчитува...