Вујовиќ: Многу сум разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој го изгубивме мечот

Кризата на Вардар во Лигата на Шампионите која трае веќе два месеца беше продлабочена со петти пораз во низа откако „црвено-црните“ загубија на домашен терен од Пик Сегед со 27-30. Кобно за вардарци беше првото полувреме во кое 15. минути ја немаа затресено мрежата на противникот.

По натпреварот тренерот Веселин Вујовиќ не го криеше разочарувањето од начинот на кој вардарци го загубија дуелот.

„Честитки до ПИК Сегед на заслужената победаа. Многу сум разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој го изгубивме натпреварот. Правевме почетнички грешки во нападот на почетокот и тоа тие го искористија, понатаму само добро ја одржуваа таа предност. ПИК Сегед е еден изграден тим, тренерот Пастор тука е 8-9 години јас сум пет месеци, тешко оди создвањето на екипата. Тие во овој момент се подобра екипа од нас“, изјави Вуковиќ кој потоа додаде

„Кажав на почетокот кога забележвме неколку победи дека ќе дојдат тешки времиња кога ќе треба да покажеме карактер. Сега се тие времиња и се надеваме на подобра игра и резултати во наредните натпревари. Нашата цел од почетокот на сезоната беше да ја поминеме групата и се уште целиме кон тоа“, изјави Вујовиќ.

Се вчитува...