Вујовиќ е пред камбек во Вардар, носи со себе и нов бек од БиХ

Веселин Вујовиќ се наоѓа пред камбек на клупата на Вардар откако поранешниот стратег на „црвено-црните“ начелно го договорил враќањето во македонскиот клуб. Вујовиќ пред неколку месеци го презеде кормилото на Борац Бања Лука, неговото име и во изминатиот период беше поврзуван со враќање во Скопје, но според последните информации договорени се речиси сите детали за тој летово да го наследи Алушовски на клупата на „Вардарци“.

Ова го потврди и Нешо Зовак, член на надзорниот одбор на Извиѓач, кој обелодени и дека Вујовиќ планира со себе да го донесе големиот тален на овој клуб, левиот бек Милан Кос.

„Ние имаме цврст договор со Кос и сакаме да го задржиме. Сепак, ако добиеме некоја „луда цифра“ можно е да разговараме за трансфер. Можам да кажам дека Вујовиќ ни звонеше, контактираше со Кос. Се зборува дека тој ќе биде нов тренер на Вардар, дека се е 99% договорено. Ќе видиме што ќе се случува“, изјави Зовак за српскиот портал „Мондо“.

Се вчитува...