Вујовиќ: Лино не плачеше вака кога судиите крадеа за Хрватска

Легендата на светскиот ракомет, поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ  како коментатор на случувањата на Светското ракометно првенство во Германија и во Данска, за хрватскиот Индекс нема многу разбирање на жалбите на селекторот на Хрватска.

Лино Червар крена неверојатна галама околу судењето на дуелот со Германија, особено околу спорната одлука пред крајот на натпреварот. Вујовиќ вели дека навистина имало грешки во судењето, но оти ни од далеку не било грабеж како што тврди Червар.

„Знам дека ова што се случи ги боли луѓето во Хрватска, но толку лелекање и плачење од господинот Червар навистина не ми е јасно. Воопшто не е коректен. Имаше многу случаи кога други тренери се жалеа и плачеа на одлуки против нивните екипи на натпреварите со Хрватска, но тоа него не го болеше“ – вели Вујовиќ.

Вујовиќ продолжува да ги критикува методите на Червар, а на хрватскиот сојуз му порача да си најде млад тренер кој ќе биде кадарен овој потенцијален состав да го води кон медали од големите натпреварувања.

Се вчитува...