Вујовиќ: Ме сакаат низ цела екс-Југославија, но најмногу во Скопје

Веселин Вујовиќ како играч беше легенда на југословенскиот ракомет, а потоа како тренер продолжи со работа во речиси сите држави што произлегоа од поранешна Југославија. Затоа, не е случајност што „Вујо мајсторе“ како селектор на Словенија доби „ју-група“ за претстојното Европско Првенство, па во Загреб ќе се сретне со Македонија и со Црна Гора.

Никогаш не сум бил обоен со национализам. Тоа што сум роден во Црна Гора, а работев во останатите држави, и што живеам во Шабац, ме прави уште поголем Југословен. Никогаш не сум имал непријатности, луѓето го ценат спортот и резултати, затоа ме почитуваат и мене“ – истакнува Вујовиќ во интервју за „Спорт Клуб“.

Високо ценет во сите земји во кои има работено, словенечкиот селектор сепак знае дека срцата најсилно чукаат за него.

Скопје е градот во кој се чувствувам најсакан. Оние кои следат ракомет сигурно ги виделе клипот на јутјуб од дочекот на навивачите на Вардар кога со Загреб се вратив назад во Скопје. Тоа беше посебно“ – се присетува легендарниот стратег на Вардар.

Познавајќи го Вујовиќ и неговата страст за победа, љубовта ќе биде оставена на страна на 13 јануари, кога тој ќе ја предводи Словенија на дуелот со селекцијата на Македонија, во „Арена“ во Загреб во рамките од првото коло во групата Ц од ЕП 2018.

Се вчитува...