Вујовиќ: Ние без Габер и Доленец – како Македонија без Стоилов, Миркуловски и Лазаров

Како што се ближи стартот на ЕП 2018, така и Веселин Вујовиќ станува се позагрижен поради здравствениот билтен на словенечкиот национален тим. Настапот на десниот бек Јуре Доленец и на левиот бек Хенигман е крајно неизвесен, а згора на тоа Вујовиќ остана и без помошта на Матеј Габер, кој не само што беше прв пивот во нападот, туку и клучен играч во одбраната на репрезентацијата на Словенија.

Новата година ни почна лошо, повредата на Габер ми ги урна идеите и замислите за ЕП. Исто така, се уште не знаеме дали ќе ги имаме Доленец и Хенигман во тимот. Ова е исто како Македонија да дојде на првенството без Стоилов, Лазаров и Миркуловски… Ќе видиме што ќе донесат наредните денови, Доленец в понеделник ќе биде прегледан во Барселона, по што ќе биде донесена конечната одлука. Хенигман се чувствува подобро, но стартот на ЕП е премногу близу, неизвесно е дали ќе биде „фит“ бидејќи се уште не тренирал со остатокот од тимот. Да не ме разберете погрешно, јас ќе сторам се со оние што ги имам на располагање. Ќе измислиме нешто за да прикажеме добра игра и да дојдеме до посакуваниот резултат“ – истакна Вујовиќ.

Словенечкиот селектор дополнително го повика Матиќ Сухолежник од редовите на Целје како замена за повредениот Габер.

Се вчитува...