Вујовиќ: Ракометот го водат дебили, го направија смешен спорт!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Веселин Вујовиќ беше бесен на прес-конференцијата по натпреварот по огромниот грабеж на француските судии со што Словенија наместо до триумф, стигна амо до реми на дуелот со европскиот првак Германија.

„Не знам што се случи, не ги знам правилата. Честитки до Германија за ремито, многу среќа во иднина. Зошто видео-технологијата ја користеа на крајот, а не при измислениот пенал над Генсхајмер за што измислено исклучување доби Кавтичник, а потоа и нашата клупа. Застанав на голот за да покажам дека направија хаос, дека направија спортот да е смешен бидејќи го водат дебили“ – бесен беше Вујовиќ на прес-конференцијата.

Голманот Лесјак не го криеше разочарувањето по судискиот грабеж што ја остави Словенија со еден бод помалку од заслуженото.

„Најпрвин честитки до Германија за добрата борба, исто така да се заблагодарам и на сите навивачи за огромната поддршка. По двете непреспани ноќи по дуелот со Македонија се надевавме на повеќе, но тоа е тоа, освоивме еден бод. Не можеме да бидеме задоволни бидејќи бевме подобри, но некои судиски одлуки не ни дозволија радост“ – изјави голманот на словенечката репрезентација.

Се вчитува...