Вулверхемптон избра нов тренер – од Чемпионшип-дивизијата

Вулверхемптон ја заврши потрагата по нов тренер по отказот што му беше врачен на Португалецот Переира, откако беше постигнат целосен договор со Роб Едвардс за овој британски стратег да пристигне на „Молинју“.

Во изминатите 48 часа се шпекулираше со бројни имиња, Игор Тудор и Тијаго Мота беа споменувани како нови кандидати, но на крајот изборот падна врз Едвардс, кој пред неколку години успеа да го весе Лутон во Премиер-лигата. Овој 42-годишен стратег ја стартуваше сезоната на чело на Мидлсброу, клуб што е дел од Чемпионшип дивизијата и кој се надеваше дека токму со Едвардс на клупата ќе успее да се врати во елитното друштво.

Мидлсброу во четвртокот ја одби понудата на Вулверхемптон, но „волците“ во меѓувреме се договорија за личните услови со Едвардс, по што самиот тренер побара дозвола да замине на „Молинју“. Раководството на Мидлсброу попладево објави дека Едвардс добил зелено светло за заминување во премиерлигашот, а се очекува новиот тренер да дебитира по репрезентативната пауза.

Целта е јасна – опстанок во Премиер-лигата откако Вулверхемптон се најде закован на последното место на табелата, со две реми и осум порази во првите десет премиерлигашки рунди.

Се вчитува...