Вулверхемптон не заврши со засилувања – Следна цел Даглас Коста

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон откако го договори Нелсон Семедо продолжува со комплетирањето на тимот за новата сезона. Следна мета на англискиот тим е искусниот бразилски фудбалер Даглас Коста.

Коста кој веќе три сезони е дел од „старата дама“ ја загуби позицијата стартер во тимот, а очигледно е дека со доаѓањето на Кулушевски во тимот, Бразилецот можно е често да не биде опција ниту за влегување од клупата. Поради тоа Коста сака да го напушти тимот. Вулверхемптон сака да го доведе како замена за Диого Жота кој премина во Ливерпул.

Коста од 2018 е дел од Јувентус. За тимот од Торино забележа 40 настапи на кои само два пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...