Вулверхемптон постави нов клупски трансферен рекорд со ангажманот на Нунеш

Португалската колонија во Вулверхемптон од денеска и официјално е збогатена за уште едно име откако премиерлигашот го промовираше Матеус Нунеш. 23-годишникот доаѓа од Спортинг Лисабон за 45 милиони евра и е рекорден трансфер за клубот.

Нунеш беше дел од португалскиот состав од 2020 година, одигра вкупно 101 натпревар, постигнувајќи осум гола, а беше од голема помош во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2020/21. Тој се очекува да биде големо засилување за „волците“ кои и оваа сезона ќе се борат за место на средината на табелата.

 

Се вчитува...