„З00“ за Бензема, Реал Мадрид ја совлада Валенсија (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со лесни 4-1 против Валенсија во натпревар од 20. коло во шпанската Ла лига. Водство за „кралевите“ од 1-0 донесе Карим Бензема од пенал во 43. минута. За Французинот ова беше јубилеен „300“ погодок во дресот на тимот од „Сантијаго Бернабеу“.

Во второто полувреме со головите на Винициус Жуниор во 52. и 61. минута Реал зголеми на 3-0. Гостите во 76. минута преку Гуедеш намалија на 3-1, додека конечните 4-1 ги постави Карим Бензема во 88. минута.

 

 

Се вчитува...