За Ѓоковиќ нема дилема: Најслатко беше кога го победував Федерер

Новак Ѓоковиќ има одиграно бројни незаборавни мечеви, но српскиот тенисер не крие дека омилени победи му се оние над големиот ривал Роџер Федерер.

Ѓоковиќ на церемонијата на отворањето на завршниот АТП турнир во Торино беше прашан кој труимф му е омилен на АТП-тур финалињата, по што Србинот се врати десет години наназад.

„Мислам дека тоа е мојата победа во О2 Арената во Лондон во 2012 година, против Роџер Федерер. Го добив во два тесни сета, двајцата сервиравме многу добро, а решаваа само неколку поени. Секогаш кога играв против Роџер, беше непредливо кој ќе слави бидејќи знаеев дека тој игра извонредно и ќе ме натера мене, како и сите други противници, да играме најдобар можен тенис ако сакаме да го победиме. Затоа најслатки ми беа тие победи против Федерер, особено во таа 2012 година и тој завршен поен кога погодив извонреден „пасинг шот“ при меч-топка. Тоа беше извонредно чувство“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...