За Ибрахимовиќ не важат правилата – Наместо четиринаесет дена карантин, тој на тренинг по само седум

Златан Ибрахимовиќ нема да мора да го чека крајот на мај за да им се приклучи на соиграчите во Милан, туку тоа ќе го направи уште на стартот на следната недела. Ибрахимовиќ во понеделникот се врати во Милано од Шведска по што требаше да помине 14 дена во карантин. Тоа значи дека на тренинг требаше да се врати на 26. мај, но бидејќи двата направени теста на Covid-19 беа негативни тој доби скратена самоизолација.

Како што пренесуваат италијанските медиуми следната недела ќе му биде направена анализа на крвта и доколку таа биде добра тој ќе им се приклучи на соиграчите. За потсетување италијанските клубови веќе неколку дена имаат дозвола фудбалерите да тренираат индивидуално, а од почетокот на следната недела ќе бидат дозволени и групните тренинзи.

Се вчитува...