За крај, Спанулис – комплетиран „тимот на деценијата“ на Евролигата

Големиот ас на грчката и на европската кошарка, Василис Спанулис, е последниот член на „тимот на деценијата“ на Евролигата, беше објавено на официјалната веб-страница на елитното клупско кошаркарско натпреварување.

Извонредниот плејмејкер има зад себе импресивна кариера, освојувајќи две титули во Евролигата во изминатата деценија, во 2012 и 2013 година со Олимпијакос, каде соиграч му беше Перо Антиќ. Спанулис воедно беше избран и за МВП на финалниот турнир во 2013 година, а под негово водство Олимпијакос одигра уште две финалиња од Евролигата во кои „црвено-белите“ беа поразени.

Тој е третиот грчки кошаркар во „тимот на деценијата“, по Дијамантидис и Принтезис, а покрај нив во овој „дрим-тим“ се најдоа уште и Де Коло, Теодосиќ, Богдановиќ, Дончиќ, Љуљ, Наваро и Хајнс.

Се вчитува...