За „кралевите“ веќе е минато, но Ливерпул во Јовиќ гледа иднина

Иако се покажа како тотално трансфер промашување во Реал Мадрид, фудбалската српската ѕвезда Лука Јовиќ дојде за 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт, а за него уште има интерес од Арсенал, но според последните информации од Англија, Ливерпул ептен е заинтересиран да го донесе напаѓачот во своите редови.

Како што објави „Дејли Мејл“, Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“ ѝ порачал на управата по секоја цена да биде донесен Јовиќ, па дал „наредба“ да се испрати понуда во Мадрид за ангажман на српскиот центарфор.

Наводно Клоп сака уште повеќе да ја засили офанзивата, а играч со профил на Јовиќ и тоа како му одговарал, поради брзиот фудбал, сметајќи дека Србинот добро ќе се прилагоди на таа игра на „Енфилд роуд“. Ливерпул ги има Роберто Фирмино и Диего Жота како напаѓачи, но поради големиот број на мечеви и настапи на неколку фронтови на Клоп му треба и трет добар напаѓач, а фактот дека Фирмино и Жота досега дале само 10 гола за Германецот бил премал ефект.

Се вчитува...