„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Абрахам и Смолинг испишаа историја во Серија А

Рома со триумфот над Специја од 2-0 во последниот натпревар од 17. коло се врати на победничките патеки во италијанската Серија А. Првиот гол на мечот беше дело на Крис Смолинг, на асистенција на неговиот сонародник Теми Абрахам.

Имено, со овој гол двајцата Англичани испишаа историја во калчолигата. Тие станаа првите англиски фудбалери кои учествувале при еден гол (асистенција/погодок) во италијанскиот шампионат.

 

 

Се вчитува...