„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Азар исчезна во Мадрид

Еден Азар долго време важеше за еден од најдобрите фудбалери на денешницата. Брилијантноста на Белгиецот во Чесли каде постигна 110 гола и 92 пати асистираше до своите соиграчи му донесе и трансфер во Реал Мадрид вреден 115 милиони евра, но со себе во главниот град на Шпанија напаѓачот не успеа да ја пренесе и одличната форма.

Преголемиот број на повреди го спречија белгискиот репрезентативец да го покаже својот квалитет, а во „белиот“ дрес одигра само 45.4% од натпреварите, на кои само 12 пати беше вклучен во „протнувањето“ на топката во противничката мрежа. Од тие пет пати голот го постигнуваше сам, а седум пати асистираше до соиграчите.

Се вчитува...