„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Божиќната доминација на Леброн Џејмс (ФОТО)

Леброн Џејмс стана „Божиќен Крал“ откако во поразот на Лејкерс од Бруклин постигна 39 поени со кои се искачи на првата позиција на листата на постигнати поени на Божиќните натпревари во НБА лигата, надминувајќи го прерано починатиот Коби Брајант.

Но, поентерската статистика е само ден од доминацијата на „Кралот“ на овие натпревари. Тој е воедно и играчот со најмногу погодени тројки (28), најмногу погодени обиди од поле (150), изедначен на листата на најмногу одиграни натпревари (16), втор најдобар „крадец“ (26) и трет на листата по бројот на погодени слободни фрлања (94).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

Се вчитува...