ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Брентфорд чекаше 84 години да го совлада Ливерпул!

Екипата на Брентфорд успеа да го шокира Ливерпул вчера и да го совлада со 3-1. Иако многумина очекуваа лесен триумф на „црвените“, сепак, Брентфорд се покажа уште еднаш како „убиец на фаворити“, и во една иста сезона ги совлада двата тима од Манчестер, и сега Ливерпул.

Ова за Брентфорд беше прва победа над Ливерпул после 1938 година. Односно, Брентфорд чекаше 84 години.

Претходно овој тим го совлада Ливерпул на 19. ноември 1938 година. Тогаш Бренфорд победи со 2-1. Од тогаш Ливерпул има шест победи над овој противник и две ремија.

Се вчитува...