ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Бруно Фернандеш се најде во избрано друштво

Манчестер јунајтед не успеа да триумфира на гостувањето кај Кристал Палас играјќи само 1-1 во натпревар од англиската Премиер-лига, откако домаќините во самиот финиш постигнаа погодок со кој му откинаа два бода на големиот фаворит.

Стрелец на единствениот погодок за „црвените-ѓаволи“ беше Бруно Фернандеш кој со овој погодок влезе во избрано друштво. Тој по неговото доаѓање на „Олд трафорд“ успеа да постигне по 20 гола на домашен и гостински терен.

Само уште тројца фудбалери во овој период успеале да направат такво нешто, а тоа се: Хари Кејн, Мохамед Салах и Сон.

 

Се вчитува...