ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: „Чеканите“ удрија по Ливерпул и го забележаа најдобриот старт во историјата

„Падна“ и Ливерпул. Вчера „црвените“ го претрпеа првиот пораз во сезоната, со што нема повеќе непоразени екипи во Премиерлигата. Вест Хем беше подобар од четата на Јирген Клоп победувајќи со 3:2.

Вест Хем има 7 победи, две ремија и два порази на стартот од сезоната во Англија, и се вмеша во битката за врвот. Челзи е прв со 26 бода, а Сити и Вест Хем имаат по 23 и се најблиску до лидерот. Ова беше најдобриот старт на Вест Хем во една премиерлигашка сезона.

Од друга страна, пак, на серијата на Ливерпул и дојде крајот. Ова е прв пораз на Ливерпул после 25 натпревари во сите конкуренции. Јирген Клоп и неговите момци во финишот можеа да се спасат од него, но не успеаја, откако пропадна можноста Мане да се запише во листата на стрелците. Топката мина само крај стативата.

Во секој случај се очекува интересна битка за титулата во Премиерлигата, за која се борат четири тима и неколку од сенка.

Се вчитува...