„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ Челси и Ливерпул испишуваат историја (ФОТО)

По пет одиграни натпревари во новата сезона во Премиерлигата, Челси и Ливерпул се наоѓаат на врвот на табелата со по 13 освоени бода. А, интересно, овој податок не е единствениот кој ги спојува овие два клуба.

„Сините“ и „црвените“ имаат идентичен учинок од 12 постигнати гола и само еден примен, а и идентичен учинок на самите натпревари. Двата клуба го отворија првенството со победи од 3-0, во второто коло славеа со 2-0, одиграа и нерешено (1-1) во меѓусебниот дуел.

Во четвртото коло славеа со по 3-0 над Астон Вила, односно Лидс, а изминатиот викенд забележаа победа од 3-0 над Тотенхем и Кристал Палас.

Се вчитува...