Арсенал славеше со 2-3 на гостувањето кај Челси во лондонското дерби како дел од заостанатиот натпревар од 25. коло во англиската Премиер-лига.
Челси прими три гола на својот „Стемфорд бриџ“ што е само третпат откако на кормилото на клубот е германскиот стратег Томас Тухел. Интересно е тоа што сите натпревари на кои примила три гола на домашен терен се случиле во месец април.
Претходно годинава примија три гола и од Брентфорд, а истото се случи и лани во април на мечот против Вест Бромвич Албион.
3 – The three times that Chelsea have conceded 3+ goals at home in the Premier League under Thomas Tuchel have all come in April (vs West Brom in 2021 & vs Brentford & Arsenal this month). Showers. pic.twitter.com/JWu9bkgvrI
— OptaJoe (@OptaJoe) April 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА