„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Џерард обожаваше да дава голови против Астон Вила

Стивен Џерард се врати во Премиер-лигата, откако денеска беше официјализиран за нов менаџер на Астон Вила. Интересно е тоа што популарниот „Стиви-џи“ додека го носеше дресот на Ливерпул токму против тимот од Бирмингем имаше постигнато најмногу гола.

Против клубот од „Вила Парк“ во кариерата Џерард постигна вкупно 12 гола што е најмногу против било кој тим во Премиер-лигата, а на мечот во 2009 година постигна хет-трик, што е еден од двата во кариерата во дресот на „црвените“.

 

Се вчитува...