„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Димитриевски добива конкуренција во Унаи Симон

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Столе Димитриевски годинава е најдобриот голман во шпанската Ла лига. Македонецот брани одлично за Рајо Валјекано тим кој изненадувачки се наоѓа на шестата позиција на првенствената табела.

Сепак, македонскиот интернационалец добива голема конкуренција во името на голманот на Атлетик Билбао, Унаи Симон. Шпанскиот голман успеа да ги одбрани 17 од последните 19 шута кон неговиот гол, а синоќа во мечот против Хетафе забележа пет интервенции со кои беше еден од најзаслужните за ремито без голови на неговиот тим.

 

 

Се вчитува...