„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Еден и единствен Сер Алекс Фергусон

Манчестер Јунајтед го запиша петтиот пораз во Премиерлигата откако во дербито на 10. коло загуби од градскиот ривал Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ со 3-0.

„Црвените ѓаволи“ потфрлија и оваа сезона и според сегашните резултати одново нема да бидат во конкуренција за титула во елитнот шампионат што ќе одбележи еден век од последната радост, уште од 2013 година кога на клупата беше Сер Алекс Фергусон.

По холандскиот стратег, пет тренери се обидоа да направат успех на „Олд Трафорд“, но Дејвид Мојс, Луис ван Хал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер и засега Ерик тен Хаг не само што не успеваат да ја достигнат висината, туку потфрлија на начин на кој под водство на Фергусон не можеше ни да се замисли.

Имено, поразот од Манчестер Сити беше 34-ти во Премиерлигата откако се пензионира Фергусон. За споредба, Холанѓанецот загуби 34 натпревари за 27 години поминати на клупата на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...