„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Еден и единствен Жозе Мурињо

Фудбалерите на Рома успеаја да стигнат до европско финале по пауза од 31 година и финалето во УЕФА купот во 1991 година, откако синоќа во полуфиналето од новоформираната Конференциска лига го елиминираа англискиот Лестер.

Тренерот на „римската волчица“ Жозе Мурињо успеа да направи нешто, што на ниту еден друг тренер досега не му успеало во историјата. Имено тој стигна до финалето во сите европски фудбалски натпреварувања. Претходно со Порто и Интер играше во финалето на Лигата на шампионите, а со португалскиот тим и со Манчестер јунајтед беше дел од финалниот меч во Лигата на Европа.

 

Се вчитува...