„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Една ама трофеј вредна

Марио Балотели, лошото момче од Италија во својата кариера забележа настапи за италијански и англиски гигнати, но за жал никогаш не го исполни својот потенцијал. Голгетерот настапуваше за Интер, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан при што стигна и до неколку значајни трофеи.

Со „нероаѕурите“ три пати ја освојуваше Серија А и по еднаш Лигата на Шампионите, Купот и Суперкупот на Италија, додека на „Островот“ покрај ФА Купот се радуваше и на трофејот во Премиерлигата за кој асистираше до Кун Агуеро за славниот гол на Аргентинецот кој го донесе првиот голем трофеј на граѓаните.

Интересно, за сега 31-годишникот тоа е единствената асистенција во Премиерлигата, а истата донесе огромно славје за „синиот“ дел од Манчестер. Една ама трофеј вредна.

Се вчитува...