ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Емери е „пеницилин“ за Тотенхем

Вчера Астон Вила славеше победа во дуелот со Тотенхем и тоа во Лондон со 0-2. Избраниците на Унаи Емери грабат кон опстанокот во Премиерлигата, а Шпанецот на клупата на Вила има одличен старт откако го презеде кормилото на тимот од Бирмингем од легендарниот Стивен Џерард.

Дуелот против Тотенхем беше во вистинско време за Емери, кој знае како треба со овој тим. Емери нема ниту еден пораз против овој тим, откако работи во Премиер-лигата. И на кормилото на Арсенал не знаеше за пораз од Тотенхем, а ова беше негова четврта пресметка против овој клуб.

Можеби малкумина веруваа пред мечот дека Вила ќе го доби овој натпревар, но Емери некако и најави дека може да го порази Антонио Конте.

„Ги знам тимовите предводени од Конте, знам како играат. Беше успешен и во Италија и во Англија. Неговите играчи се брзи, имаат брза транзиција“, рече Емери пред мечот.

Се вчитува...