„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Голманот на Алкојано успеа да одбрани 22 шута на фудбалерите на Леванте

Леванте на нашиот Енис Барди продолжува со очајните партии сезонава. Откако се наоѓаат во катастрофална форма во домашниот шампионат, тие синоќа доживеаја и шокатна елиминација од нисколигашот Алкојано во „Купот на кралот“.

Откако по 120 минути натпреварот заврши 3-3, нисколигашот успеа по изведување на пенали со 4-1 да слави против Леванте.

Херој на Алкојано беше голманот Хозе Хуан Фигурас кој забележа неверојатни 22 интервенции од кои три беа во пенал серијата.

 

Се вчитува...